Влезниците за големиот концерт на финалистите од мегапопуларното шоу „Икс Фактор Адриа“ веќе во продажба во продажната мрежа на МКтикетс.
Концертот ќе се одржи во арената Борис Трајковски на 7-ми јуни.
За најголемите фанови и оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт во првите редови на публиката и најблиску до своите омилени изведувачи, во продажба се пуштени и најавените фан-пит влезници кои се достапни во строго ограничен број од само 500 влезници. Цената на фан-пит влезниците изнесува 700 денари, а покрај фан-пит, достапни се и влезници за партер по цена од 350 денари, влезници за трибините кои чинат 400 денари, како и ограничен број ВИП влезници по цена од 1.000 денари.