ДУИ го преплави Фејсбук со честитки за Законот за јазиците

Политичарите од ДУИ синоќа на Фејсбук го прославија објавувањето во Службен весник на Законот за јазиците, со кој албанскиот стана втор службен јазик на целата територија на Македонија.

Откако претседателот на Собранието Талат Џафери објави на Фејсбук дека Законот за јазиците е објавен во Службен весник, честитки пратија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вицепремиерот Бујар Османи, пратеникот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши. На Фејсбук за законот за јазиците се огласи и Хазби Лика.

Ветивме, остварувме, напиша Ахмети.


Пратеникот Артан Груби ги наброја столбовите кои ги ветила ДУИ.

 Интаграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено, јазичната рамноправност, ветено сторено, ситемски реформи, ветено сторено, напиша Груби.

Бујар Османи пак, напиша „Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“.

Употребата на албанскиот јазик од нашите домови отсега и во институциите и пошироко. Честитки сонародници законот за јазиците влегува во сила, напиша Хазби Лика.