(ФОТО) Излезе од внатрешниот џеб македонската жичка на Заев

Вртиме нова страница од модерната историја на Македонија, гласеше насловот на фејсбук статусот на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој во петокот вечерта, по изгласувањето на уставните измени, објави фотографија од просториите на Собранието, каде пратениците од коалицијата предводена од социјалдемократите, заедно со премиерот Зоран Заев, си ја честитаат промената на уставното име на Македонија.

Она што сепак остана впечатливо од селфито на Костадинов е кабелот кој извира од внатрешните џебови на премиерот Заев. Веројатно батеријата на неговиот мобилен телефон требала да биде полна за да ги прими поздравите од членовите на партијата, но и светските лидери за преименувањето на земјава во Република Северна Македонија?!