
Универзитетската професорка Каролина Ристова Астеруд го искоментира донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Таа вели дека овој закон треба да се бојкотира и да биде разгледан од страна на Уставниот суд.
-Како е, кога ЗУЈ е објавен без потпис на шефот на државата? Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание, а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон , кој не е “ контроверзен “ туку апла повреда на Раковен и Уставот , ама баш апла , плус и на други уставни одредби . Нека пробаат да казнуваат , врз основа на што ? На недефинирани деликти? Со какви санкции , со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување ? По двата основа може тужби до Стразбур . Како и немање почек , и тоа нигде го нема. Законот допрва на Уставен , а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето. Ова овде не завршува, искоментира Астеруд.