
Фудбалерите на Хетафе се првиот четвртфиналист од годинешното издание на шпанскиот национален Куп на кралот, откако во реваншот од осминафиналето на гостувањето кај Вајадолид одиграа 1:1 и ја сочуваа минималната победа од 1:0 на домашен терен минатата седмица.
Хетафе поведе преку Анхел во 29 минута од пенал, а израмни Верде во 50 минута.
Во среда на програмата се дуелите Атлетико – Жирона (1:1), Севилја – Атлетик (3:1) и Леганес – Реал Мадрид (0:3), во четврток Реал Сосиедад – Бетис (0:0), Еспањол – Вилјареал (2:2) и Барселона – Леганес (1:2)