Еврото во средата ослабе на меѓународните валутни пазари поради зајакнатата загриженост во врска со изгледите за економијата во еврозоната, додека британската фунта се стабилизираше по најновите случувања на тамошната политичка сцена.
Европската валуте е изложена на притисоци од почетокот на годинава, бидејќи најновите податоци од германската економија покажаа дека Германија за влакно ја избегнала рецесијата во втората половина 2018 година. Притисоците ги предизвика и предупредувањето на претседателот на Европската централна банка (ECB). Марио Драги, дека економијата во еврозоната е послаба отколку што се очекуваше, потсетува Reuters.
Британската фунта, пак, во средата претпладнето зајакна пред гласањето за доверба на владата на британската премиерка Тереза Меј, а откако во вторникот вечерта британскиот парламент со огромно мнозинство го отфрли договорот за брегзитот кој Меј 17 месеци го договараше со ЕУ, и тоа само 10 седмици пред на 29-ти март Велика Британија да излезе од Европската унија.
Фунтата во вторникот ослабе во еден момент за повеќе од 1 отсто во однос на американскиот долар по соопштувањето на исходот од гласањето во парламентот, што ќе го принуди Лондон да разгледа поинакви опции, вклучително и онаа за распишување втор референдум.
Во таквата атмосфера утрово цената на еврото се лизна во однос на фунтата за 0,3 отсто, на најниското ниво во седумте последни седмици, на 88,44 пени. Фунтата зајакна и за околу 0,26 отсто во однос доларот, на 1.2891 долаи. Доларот ослабе и за благите 0,1 отсто во однос на јапонскиот јен, на 108,56 јени.
Следејќи го трендот, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути најголеми трговски партнери на САД, утрово благо ослабе, паѓајќи на 95,982 поени, по што зајакна за речиси 0,5 отсто во однос на претходниот трговски ден.
Со еврото во средата претпладнето се тргуваше по 1,1418 долари, што значи дека неговата вредност се задржала околу нивото забележано на затворањето на валутните пазари претходниот ден.
И цената на швајцарскиот франк, кој заедно со јенот секогаш е привлечен за инвеститорите во време на зајакнување тензиите на политички план и поради превирањата на пазарите, остана горе-долу непроменета во споредба со претходното затворање на тргувањето, на 0,9879 франка за долар.