(ФОТО+ВИДЕО) Палестинци-христијани и Евреи за првпат на заеднички протест

Скандалозна статуа ги обедини Палестинците со христијанска вероисповед и Евреите, пишува Вашингтон пост.

Финскиот скулптор Јани Лејненен изработил статуа со познатиот кловн од ланецот за брза храна „Мекдоналдс“, распнат на крст како Исус Христос. Тој го именуваше своето дело „МакИсус”, а музејот во градот Хаифа го вклучил во својата изложба.

Статуата ги навреди палестинските христијани, а на протестот се случи и краток судир со полицијата. Израелскиот министер за култура Мири Негев, кој е член на десничарската партија „Ликуд” и пензиониран генерал на израелските одбранбени сили, исто така, повика статуата да биде отстранета од музејот.

Директорот на музејот изрази зачуденост што „МакИсус“ станала толку позната статуа. Делото е изложено веќе неколку месеци и повеќе од 30 илјади лица ја посетиле изложбата, без да направат коментар или забелешка.

Се претпоставува дека сликите на статуата на социјалните мрежи довеле до тензична ситуација.

Ова е крајно навредливо, протестите ќе продолжат, тие ќе бидат мирни, ќе има и бдеење со свеќи, вели Амир Балан, уметник од Хаифа.

Како одговор на протестите, музејот пренесе соопштенија во кои се наведува дека статуата не била направена со цел некому да наштети, но нејзиното отстранување би било удар за слободата на изразувањето.