ЈАТ замина во историјата со 73 милиони евра долг

Претходниот национален авиопревозник на Србија, ЈАТ замина во историјата со вкупен долг од 84 милијарди динари (73 милиони евра), од кои оперативниот губиток чини 5,2 милијарди динари (45 милиони евра).

Финансиските резултати на Јат ервејз ( сега Ер Србија) се објавени денеска. Тоа е последен финансиски извештај на ЈАТ, а воедно првпат во историјата на српската авиокомпанија финансиските извештаи се составени врз основа на Меѓународните стандарди за финансиско извештаи, се наведува во соопштението на Ер Србија.

ЈАТ Ервејз официјално постана Ер Србија на почетокот на 2014 година, 49 отсто од акциите се на Етихад ервејз, а сопственик на останатите 51 отсто од акцискиот капитал на авиокомпанијата е на Владата на Република Србија.