![PARICNI KAZNI](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/PARICNI-KAZNI.jpg?resize=570%2C355&ssl=1)
Поради непочитувањето на новите правила за финансиски фер-плеј, УЕФА во следните неколку дена и официјално, но само парично ќе ги казни најбогатите клубови во Англија и Франција, Манчестер Сити и ПСЖ.
Најверојатно новите шампиони на Франција и Англија ќе мораат да платат околу 60 мил. евра поради “недомаќинското работење”, а во новата сезона од најпрестижното клупско натпреварување, Манчестер Сити и ПСЖ ќе можат да пријават само по 21 фудбалери, за разлика од останатите клубови кои на своите списоци ќе имаат по 24 фудбалери.