Најдобриот кошаркар во НБА шампионот, Мајами, Леброн Џејмс, истакана дека кошаркарот на Оклахома Сити, Кевин Дуран ја заслужува титулата за најкорисен играч во најквалитетното кошаркарско натпреварување. Според американските медиуми, кошаркарот на Оклахома има најголеми шанси да ја понесе оваа титула.
“Многу го почитувам Дурант и тој ја заслужува МВП титулата. Имаше одлична сезона, изјави Џејмс, кој беше прогласен за најдобар играч во НБА во претходните две сезони.