
Австриските медиуми го објавија идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избодел својата сопруга на паркинг пред супермаркиет во градот Тули, а станува збор за 36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци, кај Сарај.
Како што јавуваат локалните медиуми, 32-годишната жена починала на самото место, откако сопругот неколкупати со нож ја прободел во вратот. На убиството му претходеле расправии, закани и малтретирања, при што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати.
Осомничениот претходната ноќ ја сменил профилната фотографија на социјалната мрежа Facebook, а 13 часа подоцна бил на местото на злосторството, чекајќи ја својата 32-годишна сопруга.
Триесет и шестгодишниот маж, наводно, имал и проблеми со коцкањето.