15.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

(ВИДЕО) Сите рудари извлечени од окното на Трепча

Стотина рудари на рудникот Стари трг, кои беа заробени на 700 метри под површината по дефект на електричната мрежа, се спасени, јавуваат приштинските медиуми.

Рударите се извлечени на површината по интервенција и враќање на струјата во Трепча, пренесува Коха диторе.
Претставник на синдикатот на рударите соопшти претходно дека не се во животна опасност, и дека се работи на спасувањето на рударите, пренесе КТВ.

„Околу 100 рудари останаа на осмото, деветтото и десеттото ниво. Експертите се трудат, барем привремено, да ги оспособат електричните инсталации за да ги извлечат рударите од јамата“, изјави шефот на синдикатот на рударите на Стари трг Шукри Садику.

Нема повредени рудари, а проблемот во рудникот настанал поради експлозија на трансформатор. Рудникот Стари трг е дел од комбинатот Трепча.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

РЕГИОН

Турција планира меѓународна истрага за убиството на Кашоги

РЕГИОН

Србија на чекор до вонредни парламентарни избори

РЕГИОН

ЕК ќе ја предупреди Бугарија за давање пасоши за инвестиции

РЕГИОН

Рама и официјално стана шеф на албанската дипломатија

РЕГИОН

Британец и грчки војник обвинети за шпионажа во Грција

РЕГИОН

Харадинај не кажува дали ќе го прифати барањето на САД за укинување на таксата кон Србија

РЕГИОН

Власта во дилема за можни предвремени избори во Србија, опозицијата најавува бојкот