Кошаркарите на Кожув иако беа блиску не успеаја да му го нанесат првиот пораз на шампионот МЗТ Скопје, во 8. коло од Суперлигата, откако во драматичен натпревар загубија на домашен терен со 99:95.
Гевгеличани триумфот го испуштија во последната минута заради сопствените грешки но и на поконцентрираната игра на противникот.
Пет кошаркари на МЗТ запишаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Синовец со 22. На 19 поени застана Гечевски, 16 поени имаше Маринковиќ, Чековски 14 а со 10 поени дуелот го заврши Цветковиќ.
Во поразениот тим Пековиќ постигна 26 поени а Мијаиловиќ заврши со 22 поени. Кожув по поразот остана на втората позиција со пет победи од осум дуели.