Алекс нов столб во одбраната на Милан

Италијанскиот калчо гигант Милан е на само еден чекор од реализација на веќе најавениот трансфер на бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Алекс.

Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а иако на неколку пати изјавуваше дека сака да остане во Париз, челниците на ПСЖ до сега не му понудија продолжување на соработката за уште неколку сезони.

За разлика од тие на францускиот клуб, челниците на Милан веќе го информирале неговиот агент дека му нудат 2-годишен договор и годишна плата од 2.5 мил. евра.