Гутереш: Светот ја губи битката против климатските промени

Главниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека светот ја губи битката со климатските промени и инсистираше владите да преземат похрабри чекори од Парискиот договор, пренесе AFP.

Климатските промени се главното прашање на нашето време. Ние го губиме натпреварот, рече Гутереш за време на Светскиот економски форум во Давос.

Мора да ја запреме оваа тенденција, изјави Гутереш и додаде дека не гледа надеж дека нациите ќе најдат решение, но истакна: Имаме потреба од политичка волја и од влади, кои ќе сфатат дека ова е најважниот приоритет на нашето време. Парискиот договор за климата доби удар, по повлекувањето на САД, под притисок на претседателот Доналд Трамп, а истото го стори и новиот крајно десен лидер на Бразил Жаир Болсонаро. Генералниот секретар на ОН рече дека одлуките донесени во Париз веќе се недоволни во борбата против климатските промени.

Доколку и се спроведе она за што се договоривме во Париз, температурата ќе се зголеми за повеќе од 3,0 степени, нагласи Гутереш.

Според него неопходно е земјите да преземат посериозни обврски, како повеќе мерки за ублажување на климатските промени и финансиска помош за посиромашните земји.