Евакуиран авион во Канада откако патниците се пожалиле на мачнини

Канадските власти денеска соопштија дека петмина патници се префрлени во болница откако им се слошило на аеродромот во Квебек, непосредно пред полетувањето за Форт Лодердејл во американската држава Флорида.

Патниците се пожалиле дека имаат чувство на малаксаност, по што биле повикани пожарникари и авионот е евакуиран.

Аеродромот во Квебек соопшти дека 12 патници се пожалиле на потешкотии, од кои петмина се префрлени во болница со симптоми на повраќање, вртоглавица и печење во очите.

Се уште не е познато кои се причините за ваквите симптоми кај патниците.