Освен списокот со фудбалери кои би требало да пристигнат на “Ноу Камп” за време на летниот преоден рок, раководните лица на каталонскиот гигант веќе го составјаи и списокот со фудбалери кои ќе бидат продадени за време на летниот преоден рок.
Првиот голман, Виктор Валдез и легендардниот капитен Карлес Пујол уште пред неколку месеци изјавија дека ќе заминат од „Ноу Камп” на крајот од актуелната сезона.
Од останатите фудбалери, излезната врата сигурно ќе им биде покажана на Хозе Мануел Пинто. Ибрахим Афелаи, Исак Куенка, Џонатан дос Сантос, Оиер Олазабела.
Челниците на Барса веќе ја стартуваа и потрагата по клубовите кои ќе одбојат сериозна парична сума за обештетувањето на Кристијан Тељо, Серхи Роберто, Дани Алвеш, Адриано, Алекс Сонг, Педро Родригез, Хавиер Маскерано, Сеск Фабрегас и Алекс Санчез.