Оваа влада за нејзините функционери е мајка, а за сите останати граѓани на Република Македонија е маќеа која што не си го сака детето, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Замислете, министерот за економија, Крешник Бектеши си ја вработи својата сестра Влора Бектеши во правната служба во МЕПСО, секоја чест и браво. Додека младите си заминуваат од држава не можејќи да најдат работа и да егзистираат, цела влада или си ги вработува своите најблиски на функционерите во државната администрација или си добиваат тендери преку своите фирми. Сестрата на Бектеши очигледно е најдостоен кандидат за работа во правната служба за разлика од илјадници млади кои што дипломираат на правните факултети секоја година, рече Арсовски и додаде:
„Сведоци бевме и претходно како власта си ги вработува најблиските. Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработија своите деца во државната администрација, како и портпаролот на СДСМ кој што си ја вработи својата мајка во Централниот регистар. Додека илјадници луѓе аплицираа на владините огласи, власта на СДСМ само си ги вработува своите роднини и пријатели“.
Дополнително, подвлече Арсовски, како што објавивме и претходно пред неколку денови криминалната власт на СДСМ се подготвува за изборен фалсификат.
-СДСМ се обидува да премолчи мега скандал, каде што во предизборна година, веднаш пред претседателските избори, носат план за вработување на над 700 партиски војници на СДСМ. СДСМ веднаш пред изборите почна со корумпирање на гласачите и гласачкото тело, вработувајќи партиски војници. Ова преставува вовед во можна изборна манипулација и може да се толкува како корумпирање на гласачкото тело. Изборниот период се уште незапочнат е компромитиран со сомнеж за предизборна корупција од страна на СДСМ и владата, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
„700 нови вработувања во две јавни претпријатија, во време кога само 60-тина луѓе од тие јавни претпријатија одат во пензија, во јавни претпријатија кои бележат загуби и се субвенционирани од Градот Скопје, е навистина тенденциозно и насетува на некаков предизборен коруптивен скандал. Уште еднаш се докажува дека СДСМ подготвува предизборен криминал и се отвора сомнеж за изборен поткуп. Власта е должна да одговори на овие скандали. И да одговара за истите. Што побрзо падне СДСМ од власт толку подобро за граѓани и за државата“.