Поранешниот НБА играч, Денис Родман, кој неколку пати ја посети Северна Кореја тврди дека „жртвите“ на лидерот на Северна Кореја воопшто не се мртви.
„Луѓето веруваат во се што ќе се каже за Северна Кореја. Последен пат кога бев таму, говореа дека Ким ја убил својата девојка, а дека неговиот тетин го фрлил на гладни кучиња. Но и двајцата стоеја до мене додека разговарав со Ким, изјави Родман.
Родман додава дека Северна Кореја сака да ги обнови мировните преговори и дека имаат атомски бомби само затоа што се плашат дека Американците ќе ги нападнат.
Тој нагласил дека Ким му рекол дека никогаш нема да нападнат и дека не ги мразат Американците, туку напротви ги сакаат.