
Дури 22 погодоци се постигнати во првите четири натпревари во неделата до 21-то колоа од италијанско фудбалско првенство, што е висок за Серија А просек од 5,5 голови по натпревар.
Фиорентина гостувањето во Верона го победи Киево со 4:3, Рома по големо водство спасуваше бод кај Аталанта 3:3, СПАЛ забележа гостинска победа од 3:2 кај Парма, а Фросиноне со изненадувачки 4:0 победи во Болоња.
Рома во Бергамо по првото полувреме имаше водство од 3:0, но на крајот одвај избори реми. Гостите поведоа со головите на Един Џеко во 3 и 33 минута, а во 40 прецизно стрелаше и Стефан Ел Шарави, а во последните моменти од првиот дел намали Тимори Кастање. Во продолжението Аталанта израмни со голивите на Рафаел Толои во 59 и Данеил Запата во 71 минута.
Рома ја прекина серијата од три последователни победи, но го заддржа петтото место со 34 бодови, кое води во Европската лига. Аталанта, пак, ремизираше по две победи и сега има 32 бода, кои привремено ја оставаат на седмата позиција и во трката за излез во европските купови.
Во првиот неделн меч Фиорентина иако од 60 минута играше со играч помалку, на крајот забележа гостинска победа од 4:3 кај Киево. Веќе во 36 минута гостите имаа предност од 2:0, преку Луис Муриел во 4 и Марко Бенси во 26 минута. Во меѓувреме во 14 минута со помош на видео-технологијата судијата поништи погодок на Киево, кое сепак намали во 38 минута, кога со глава прецизен беше Мариуш Степински. Во второто полувреме Бенаси поради намерно играње со рака и спечување погодок во 59 минута доби директен црвен картон, а следната минута домашниот капитен Серџо Пелисиер го реализираше пеналот за израмнување. Фиорентина повторно поведе во 79 минита прекуи Киеза. Само шест минути подоцна Пелисиер повторно од белата точка доби шанска да израмни, но овојпат неговиот удар го одбрани голманот Лафон. Веќе во следнито напад Киеза повторно погоди за водство од 4:2, а Киево до крајот се закануваше но само успеа да го ублажи поразот преку Филип Ѓорѓевиќ.
Фиорентина сега е деветта со 30 бодови, а Киево кое првенството го почна со минус три бода сѐ уште е на последното место сао само осум бодови и речиси невозможна мисија да обезбедни опстанок во Серија А.
Возбудлив беше и мечот кој СПАЛ го доби со 3:2, иако домашната Парма имаше водство од два гола. Парма поведе со головите на Роберот Инглезе во 12 минута од пенал и во 54 минута, но СПАЛ направи целосен пресврт постигнувајќи три погодока во последните 20 минути. Стрелци беа Матиа Валоти во 71, Андреа Петања во 76 и Мохамед Фарес во 88 минута.
СПАЛ со трите бода се оддалечува од опасната зона и сега е на 14-то место со 21 бод, додека Парма моментално е 11-та со 28 бодови, бод повеќе од Торино кој уште го нема завршено домашниот дуел со Интер.
Во 20,30 се игра дербито Јувентус – Лацио, по што ќе се знае бодовниот сооднос на врвот од табелата.