Во дербито на 21-то коло од италијанското фудбалско првенство, актуелниот шампион Јувентус во Рим славеше над Лацио со 2:1 и сега има 11 бодови предност пред второпласираниот Наполи.
Јувентус до бодовите стаса правејќи пресврт во последните 15 минути од натпреварот. Лацио до тогаш имаше целосна контрола над текот на натпреварот, неговите фудбалери создадоа бројни шанси пред противничкиот гол, но реалиираа само една, и тоа во 59 минута кога несреќно по корнер кој го изведе Луис Алберто во својотт петерец со глава интервенираше Емре Чан и ја затресе сопствената мрежа. Само пет минути подоцна Чиро Имобиле имаше шанса, се чини, да го реши прашањето на победникот, но откако излезе сам зад грбот на вечерва шупливата одбрана на Јуве, шутираше над голот.
Казната ги стаса домашните во 74 минута, кога Жоао Кансело кој неколку минути претходно влезе во игра по брз напад израмни. Во 88 минута при една браз контра Лулиќ несфатливо од грб го повлече во петерецот Дибала, иако топката беше на левата страна, а Кристијано Роналдо кој минатото коло не реализираше пенал против Киево, овојпат беше прецизен од белата точка. До крајот на мечот Кансело можеше во последната минута да го отстрани сите дилеми но несфатливо наместо откосо сосема осамен да бие во отворениот гол, додаде во средината зад изненадениот Бернардески. Во последната секунда од судиското продолжени Лацио сепак можеше да спаси бод. Беше досуден слободен удар на самиот раб од шеснасетниот на Јувентус, но Милинковиќ-Савиќ биеше високо над голот.
Лацио сега е осмото место со 32 бода, колку има и Аталанта место погоре.
Претходно во неделата Интер уште еднаш пружи разочарувачка партија и беше поразен со 0:1 на гостувањето кај Торино. Стрелец беше Армандо Ицпо во 35 минута на асистенција од Кристијано Ансалди. Интер дуелот го заврши со играч помалки, бидејќи во 86 минута порди приговор беше исклучен Матео Политано.
Торино со победата ја продолжи низата без пораз во меѓусебните дуели со „нераѕирте“ на пет натпревари а се искачи на десеттото место со 30 бодови. Интер остана на третата позиција со осум бодови заостанување зад Наполи, а пет повеќе од градскиот ривал Милан кој е на петтото место.