На доделувањето на наградите SAG триумфираше „Black Panther“

На свеченото доделување на наградите на Здружението на филмските и телевизиските актери (SAG Awards), одржано во неделата во Лос Анџелес, триумфираше филмот „Black Panther“, а без статуетка остана фаворизираниот „A Star is Born“. Филот ја освои наградата за најдобра актерска екипа.

Многумина во светот на филмот токму наградите SAG ги сметаат за увертира во доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскар.

Наградата за најдобра актерка со улогата во драмата „The Wife“ ѝ припадна на Глен Клоуз, која уште еднаш ја победи Лејди Гага која настапи во главната ролја во филмот „A Star is Born“.

Во конкуренцијата на најдобрите машки улоги годинава наградата ја однесе Рами Саид Малек, кој го толкуваше славниот пејач Фреди Меркури во филмот „Bohemian Rhapsody“.

Наградата за најдобра женска споредна улога ја освои Емили Блант за филмот „A Quiet Place“, а најдобар спореден машки актер е прогласен Махершала Али за улогата во филмот „Green Boоk“.

Наградата за најдобар актерски ансамбл во драмска телевизиска серија им припадна на актерите од серијата „This is Us“, а најдобра актерска екипа во хумористична телевизиска серија е оној од „The Marvelous Mrs. Maisel“.

Најдобра актерка во хумористична телевизиска серија е прогласена Рејчел Броснахен од „The Marvelous Mrs. Maisel“, а за најдобар актер во истата категорија е прогласен Тони Шалуб од истата серија.

Наградата за најдобра актерка во драмска телевизиска серија 1 припадна на Сандра Миџу О за улогата во „Killing Eve“, а за најдобар актер на Џејсон Бејтман за „Ozrak“.

Наградата за животно дело му беше врачена на Алан Алди, ѕвездата на култната телевизиска серија M.A.S.H., додека Дарен Крис и Патрисија Аркет се наградени во категоријата најдобри изведби на актер/актерка во минисерија, односно телевизиски филм.