Пет торнада ја погодија Анталија, уништени 315 згради, штетата 17 милиони евра

Најмалку 12 лица се повредени откако пет торнада во изминатите четири дена ја зафати провинцијата Анталија на југот од Турција, каде на улиците има превртени автобуси, и на аеродромоте оштетени авиони.

Гувернерот на Анталија рекол дека во невремето се оштетени два авиона и еден полициски хеликоптер. Исто така тој изрази надеж дека најлошто помина.

Според неговите зборови, нема загинати во невремето.

Министерот за екологија изјавил дека  силното невреме и торнадото оштетиле 315 објекти.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека штетата во Анталија е речиси 17 милиони евра.