
Ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, Ентони Дејвис, не сака да потпише продолжување на договорот со оваа НБА екипа и побарал размена, потври клубот.
„Ентони сака да биде разменет во екипа којашто ќе му овозможи константно да победува и да се натпреварува за титулата. Ентони сака да биде чесен и јасен кога станува збор за своите намери и затоа се одлучи да го запознае клубот со својата одлука. Ова е во најдобар интерес и за Ентони и за целата организација“, изјави Рич Пол, агент на кошаркарот.
Според Yahoo Sports, интерсес за Девјис пројавуваат Лос Анџелес Лејкерс и Њујорк Никс.
Крајниот рок за размените во НБА лигата е 7-ми февруари, но Њу Орлеанс, во чиишто редови Ентони Дејвис дојде во 2012 година, сѐ уште не даде сигнали дека е подготвен да се откаже од неговите услуги оваа сезона.