
Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ при заседавање на седница во Собрание на Република Македонија при што се одлучуваше за интерпелација на Димитров, посочи дека ниту еден министер или пратеник има право да го навреди својот народ.
Слушнавме цитати од многу министри за надворешни работи, јас само ќе ве замолам да се обидете да замислите како министерката за надворешни работи на Бугарија е Катерина Захариева и изјавува во мирна или жестока расправа дека целата или дел од бугарската нација е нација со комплекс.
Доколку таа даде таква изјава од морални причини ќе си поднесе оставка. Замислете го господинот Коѕијас во жестоките расправи на нашата јужна земја сосед Грција која што има најконтроверзна историја и најголеми комплекси на непризнавање на малцинства и други групи, замислете Коѕијас да изјави дека грчката нација или дел од грчката нација е нација со комплекс.
Тоа ќе биде неговата последна изјава. Замислете го министерот за надворешни на Албанија, или на Србија или на министерката на Австрија, или кого сакате, нагласи Милошоски. Милошоски појасни дека прво како даночни обврзници кои што плаќаат за високата плата на министерот треба да се има почит кон сопствената нација. Второ како луѓе што имаат право да одлучат да размислуваат и да ја толкуваат својата историја. Ниеден министер, ниту пратеник нема право затоа да ги опомене, да ги укори, а камоли да ги навреди и да каже дека се работи за нација со комплекс.