Шилегов, за новинарите, шепотејќи кон Спасовски: Не разбираат!

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека со гасификацијата ќе се обезбеди почиста средина, а доколку градот Скопје ја добие на управување топловодната мрежа на тој начин ќе се помогне и на посиромашните граѓани, објави Телма.

Веднаш по оваа изјава, Шилегов без да го дочека прашањето за организациите кои бараат акција за почист воздух му коментираше на уво на министерот Спасовски дека новинарите тематиката не ја разбираат, а видеото може да го погледнете тука.