
Општинскиот суд во Фурстенфелдбрук крај Минхен осудил две студентки на парични казни поради тоа што од контејнер за отпад на еден супермаркет земале прехренбени продукти, пренесуваат во петокот германските медиуми.
Двете студентки се осудени на поединечни парични казни од 250 евра условно на две години, како и на осомчасовен ангажман во добротворни цел, пренесува дневниот весник Muenchener Merkur.
Државното обвинителство барало казна од 450 евра, сметајќи дека станува збор за „особено тежок“ случај на одземање туѓа сопственост, имајќи предвид дека контејнерите за отпад се наоѓале зад заклучена ограда која осудените ја отвориле со универзален клуч.
Двете студентки се припаднички на движење кое бара поодговорен однос кон прехранбените продукти, коишто, и покрај фактот дека уште се погодни за исхрана, се фрлаат пред истекот на рокот до кој е најдобро да се консумира тој производ.
Нивниот адвокат укажал на тоа дека фрлените продукти повеќе не може да се сметаат за сопственост, имајќи предвид дека сопственикот со нивното фрлање во отпад се откажал од сопственоста, што судот сепак не го прифатил.
Судењето го спеделе и протести на кои се барало и во Германија, како неодамна во Чешка, да се воведе закон кој трговците би ги обврзал на тоа да не ги фрлаат прехранбените продукти кои сѐ уште може да се консумираат, туку да им се делат на народните кујни.
Двете студентки во разговорот за Spiegel Online објасниле дека сакаат да им помогнат и на другите против кои во моментов поради таканаречениот „контејнеринг“, како што медиумите го нарекуваат овој вид „кражба“, во Германија да не се водат процеси. „Нашата цел е да влеземе во дијалог со политичарите и отворедено да настапуваме против фрлањето прехранбени продукти“, рекла една од осудените.
Протестото против фрлањето на прехранбените продукти во Фурстенфелдбрук го поддржа партијата Зелени.