(ВИДЕО) Пет загинати во пад на мал авион врз куќа во Калифорнија

Петмина лица загинаа во неделата кога мал авион се урнал врз двокатницата во калифорнискиот град Јорба Линда.

Двајца мажи и две жени агинале во куќа врз која се урнал авионот, потврдил шерифот на Оринџот Лаунти. Пилотот биле единствен патник во авионот, и тој исто така, го загубил животот.

Две лица, исто така, превезени се во локалната болница со полесни повредни, изјавил портпаролот на противпожарната служба, Камерон Росман.

Радарските снимки покажуват дека авионот по полетувањето направил лево свртување и почнал остро да понира, рекол иследникот на Националната комисија за безбедност во сообраќајот, Елиот Симпсон, на прес-конференција.

Авионот е од американско производство од типот „Cessna 414“, а во истрагата се вклучени и иследници на Сојузната управа за воздухоплозвство (FAA).