Поплави во Австралија, крокодили и змији по улиците

По пеколните жештини, делови на Австралија се погодени од катастрофални поплави. Во североисточните делови повеќе од 20.000 луѓе се принудени на евакуација поради заканите од поплави.

Поради наглото зголемување на нивото на реките, на улиците се забележани крокодили и змији, објави Си-Ен-Ен.

Метеоролозите најавуваат уште врнежи во наредните денови.Градот Таунсвил во Квинсленд е речиси целосно потопен. Жителите останаа без струја, а многумина беа принудени да се сокријат на покривите од своите куќи.

Реката Рос ќе расте се до понеделник вечер. Се очекуваат поголеми поплави во Таунсвил, многу улици ќе бидат под вода, предупредуваат метеоролози.

Сутуацијата стана особено сраматична во саботата, а денеска е уште повеќе влошена, велат надлежните.