Секоја година бројот на починати жени од овој карцином се зголемува за 6 проценти, покажуваат официјалните извештаи на Здружението на еманципација солидараност и еднаковст на жените. За пет години во Македонија 203 жени умреле од карцином на грло на матка.
Од ова здружение бараат програмата за скриниг на карцином на грло на матка да се прошири, бидејќи само 28 проценти од жените. Оваа програма опфаќа помалку жени од предвидениот број и троши помалку средства од издвоените, велат од здружението.
Министерот Венко Филипче посочи дека програмите ќе се прошируваат со цел превенцијата да го намали бројот на болни.
Од здружението „Борка“ велат дека потребен е регистар со бројки колку се болни од рак и промена во системот „мој термин“ за контрола на болните од рак, но и за побрза дијагностика. Здружението „Борка“ Е избрано за „Шампион во земјата’ во бораба против ракот.
Од клиниките за детски болести, хематологија и онкологија директорите посочија дека со новата серија на лекови во радиотерпијата состојбата во лекувањето се променила. А посебен акцент се стави на двете успшени трансплантации од несроден донор на клиниката за хематологија.