Мухиќ: Ова е ефикасно сценарио на меѓународните фактори, пред кои ние сме немоќни

Иако институцијата “независен пратеник“ ја одржува демократијата во живот, тоа е повеќе симболичка, отколку реална можност за автономија на законодавната власт, вели Мухиќ во интервју за „Лидер“.

Во своето последно интервју на независниот пратеник Ферид Мухиќ дадено за порталот Лидер тој говори за тоа каков претседател и е потребен на државата како и за тоа зошто гласал „За“ промена на уставното име.

На прашањето каков шеф на државата и е потребен на Република Северна Македонија Мухиќ одговара дека е потребен чесен, одговорен, способен, енергичен, зрел, со интелектуален капацитет и морален интегритет.

На крај тој додава дека кандидатот треба да биде партиски независен.

Околу одлуката да ја поддржи промената на уставното име во Собранието Мухиќ вели:

„Фактот што сум подготвен личниот интегритет да го бранам и по цена на сопствениот живот, не ми дава право да го загрозувам животот на ниту еден друг човек, уште помалку на целата нација. Затоа гласав “За“, во име на одговорноста за животите на илјадници други луѓе, за кои, како пратеник, и јас носам директна одговорност. Секој поединец има право во име на своите уверувања, да го жртвува сопствениот живот, но никој нема право во името на своите уверувања да ги жртвува животите на цел еден народ, дури ни на еден човек.“

Целото интервју на Лидер тука.