
Во врска со денешниот вооружен грабеж во филијалата на „Халкбанк АД Скопје“ на улица Јадранска магистрала во Визбегово, банката ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.
„Халкбанк“ воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.