Холандија планира забрана за користење на мобилните телефони во текот на управување со велосипед, а казната за прекршителите ќе изнесува до 95 евра.
Забраната стапува на сила на 1-ви јуни, и нејзината цел е да се намали бројот на несреќите кои се предизвикани од велосипедистите.
Според последните официјални податоци, во Холандија во 2017 година загинале 207 луѓе кои управувале велосипед. Стручњаците за безбедност во сообраќајот сметаат дека мобилните телефони се виновни за секоја четврта велосипедска несреќа.
Нивното користење во текот на возење велосипед претставува опасност, предупреди министерот за правда Фердинанд Граперхаус. „На луѓето многу јасно ќе им дадеме до знаење дека ова е нов пропис во сообраќајот и дека имаме намера да бидеме многу строги“, порача министерот.
Велисипедистите неретко при возењето посегнуваат по мобилниот телефон за да разговараат, да слушаат музика, па дури и да пишуваат пораки. Користењето на мобилните во текот на управување со автомобил веќе долго време е забрането. Во Холандија казната за овој прекршок изнесува 240 евра.