Претседателските кандидати на демократите го критикуваа говорот на Трамп

Демократите кои како противкандидати ќе се соочат со американскиот претседател на изборите во 2020 година, веднаш го нападнаа говорот за состојбата на нацијата во вторникот ноќта, тврдејќи дека на говорот му недостигала супштината, како и дека во него немало ништо што би ја обединило земјата.

Десетина демократи веќе ги почнаа своите предизборни кампањи, а десина уште би можеле да се вклучат во трката за партиската номинација.

Сенаторот Кори Букер, кој ја најави својата кандидатура минатиот петок, рече дека повикот на единство на претседателот Доналд Трамп бил „празен“, „Потребно е повеќе од климање со главата при кулминацијата на говорот за да се постигне единството на земјата. Нашиот претседател ги потроши последните две години во тоа да се обиде да нѐ разедини. Делата говорат повеќе од зборовите“, напиша на Twitter.

Стејси Абрамс, којашто за малку не успеа да стане првата афроамериканка на гувернерската позиција во сојузната држава Џорџија го изнесе официјалниот одговор на демократите на говорот на Трамп за состојбата на нацијата. Адамс се обиде на Трамп да му зададе неколку директни удари повикувајќи поддршка за американсата работничка и средна класа.

„Блокадата на владата беше егзибицијата на претседателот на САД, која му пркоси на секој принцип на праведност и ги изневерува не само нашиот народ, туку и нашите вредности“, истакна Абрамс. Таа настокуваше да ги урамнотежи политичките препораки со нападите врз претседателот, нешто што демократските стратеззи велат дека другите противкандидати треба да го следат.

„Така, иако сум многу разочарана од пристапот на претседателот кон нашите проблеми, сеедно не сакам да не успеам. Меѓутоа, мораме да му ја кажеме вистината и да ги почитуваме неговата обврска и извонредната шареноликост која ја дефинира Америка“, рече Абрамс говорејќи во Атланта пред група во која главно беа жени.

Четириесет и петгодишната политичарка во ноември за 60.000 гласови загуби во трката за гувернер во Џорџија, каде што Трамп победи во 2016 година. Оттогаш се профилираше како своевидната „бона фиде лидерка“ меѓу демократите, рече Џејми Харисон, виш советник и копретседател на Демократскиот национален комитет кој рече дека „луѓето ќе ја слушаат во 2020-та и ќе гледаат што во своите пораките може да прифатат од неа“.

Критики по говорот изнесоа и многу партиски противкандидати на Абрамс. „Не нѐ придвижи напред и не е дорасната на предизвикот“, рече сенаторката Ејми Клобучар за мрежата MSNBC.Таа веројатно, исто така, ќе се кандидира за претседателската должност. Рече дека ќе одржи собир во Минесота во сабота кога ќе ја соопшти својата одлука.

Сенаторката Кирстен Џилибранд, која ја започна сопствената кампања за Белата куќа, бараше донација откако вниманието го привлече видое снимката објавена на Twitter на која се гледа како врти со главата како реакција на говорот на Трамп. „Претседателот Трамп имаше на располагање години да ја обедини земјата, но наместо тоа избра да ја разедини земјата во секое прашања коешто може да се замисли“, истакна Џилибранд во изјава.

Александрија Оказио-Кортез, која се натпреварува за претседателската должност но настапува како водечки либерален прогресивен глас во својата партија откако беше избрана во Претставничкиот дом во номеври рече дека на говорот на Трамп му недостигало политичка суштина. „Мислам дека претседателот е неподготвен, Мислам дека не ја изврши својата задача…. Нема план. Дали тоа е кампања за запирање или говор за нацијата“ рече за MSNBC.

Сенаторот Шерод Браун, кој и самиот размислува да се кандидира за претседател, рече дека Трамп не сторил доволно за работничката класа. „Реалноста е дека досега многу луѓе во оваа земја кои тешко работат не се доволно платени како што би требало. Претседателот Трамп тоа не го разбира, тој ја користи Белата куќа за да се збогатат луѓето како него“, рече Браун.