Произведен првиот македонски електричен автомобил

ЗАС Г20 e првиот македонски електричен автомобил, кој денеска беше презентиран во хотелот Парк&Спа, во Скопје. Проектот е реализиран од страна на тимот на ББ Класик Карс, со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, a е насловен како „Замена на мотор со внатрешно согорување на класичен автомобил Фиќо, со електричен мотор“.

Карактеристичниот ретро дизајн е највпечатливиот елемент кај ЗАС Г20, автомобилот кој влегува во доменот на малите електрични возила.

ЗАС Г20 е резултат на повеќегодишното професионално ангажирање на тимот на специјалисти на ББ Класик Карс, во соработка со повеќе домашни претпријатија и занаетчии, но она што посебно треба да се истакне е соработката со германската фабрика Кеслер.

Кеслер отвори и своја фабрика во Македонија, со што е обезбедена можноста овој електричен автомобил да ја носи етикетата „Произведено во Македонија“.

Шасијата и дел од опремата на ЗАС се преземени од некогаш популарното „Фиќо“, автомобилот кој веќе речиси и да не може да се види на улиците во возна состојба.

Силата на моторот и инсталираниот капацитет на батериите обезбедуваат забрзување до 100 km/h за 10 секунди, максимална брзина до 130 km/h, а со едно полнење можат да се поминат до 150км.

Најголема предност на овој електричен модел е секако зачувувањето на животната средина, а познато е дека електричните автомобили се издржана форма на аерозагадувањето.