Италијанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Тиаго Мота испрати јасна порака до клупските челници и им откри до кои фудбалери да бидат ангажирани за време на летниот преоден рок.
„Сакам во новата сезона да имам неколку нови соиграчи. Сакам дресот на ПСЖ да го облечат Давид Луиз, Џорџо Киелини, Андреа Пирло, Пол Погба, Миралем Пјаниќ и Педро Родригез. Така ќе се засилиме физички, ментално и технички. Ако ги купиме овие фудбалери, сигурно ќе имаме поголем успех и во Лигата на шампиони. Челзи не елиминира затоа што е подобро подготвен и физички и ментално”, изјави искусниот играч за врска.