(ФОТО) Тројца загинати во уривањето на повеќекатница во Истанбул, се извлекуваат преживеани

Најмалку три лица загинале во уривањето на сдумкатницата во турскиот мегалополис Истанбул, објавија во средата локалните медиуми.

Од под урнатините се спасени се 12 луѓе, меѓу кои деветгодишно момче и петгодишно девојче кое е извлечено по 18 часата по уривањето, изјави истанбулскиот гувернер Али Јерликаја, пренесува агенцијата Anadolu. Се додава дека 13 луѓе се повредени а три лица се во критична состојба.

Зградата во Картал, густо населен кварт на азискиот брег на Истанбул, се урна во средата попладнето. Гувернерот изјавил претходно дека покривот на зградата не бил изграден легално.

Сѐ уште не е познато колку луѓе имало во зградата кога се урнала, но според локален функционер кого го цитира агенциајта, имали 27 до 30 луѓе.

Министерот за животна средина и урбанизација, Мурат Курум, во четвртокот рече дека спасувачките екипи слушнале гласови од под урнатините и вети дека ќе продолжат напорите да стасаат до преживеаните.