
Парламентарната демократија во Република Македонија е суспендирана, се вели во соопштението на опозициската ТМРО, којашто се жали дека со години наназад е оневозможена нормално да функционира, бидејќи без образложение ѝ се ускратени средствата кои легално и законски ѝ припаѓаат.
Имено, на партијата ТМРО и петта година по ред без никаква причина и образложение Министерството за правда не ѝ исплаќа редовен паричен износ за редовно финансирање согласно член 10 од Законот за финансирање на политичките партии чиј минимален износ е 40.000 евра или веќе неисплатени износ од 200.000 евра.
„Со ваквиот не случаен дискриминаторски чин, каде иако законски е задолжително годишно финансирање од државата, единствено на ТМРО не се исплаќаат средства за нормално функционирање на партијата. На овој начин се врши свесно оневозможување не само на нормалното функционирање, туку директно се спречува и оневозможува било какво учество на ТМРО како единствена национална македонска партија на било какви избори“, .се вели во реакцијата на опозициската партија.