
Се омажи највисоката девојка на светот. Осумнаесетгодишната Елисани да Круз Силва е висока дури 207 сантиментри, а нејзиниот избраник е висок „само“ 164 сантиметри.
Тие се во врска повеќе од три години.
Иако е навистина млада, таа сака што поскоро да стане мајка, затоа што поради медицинските проблеми кои се појавија како последица на екстремната висина, се плаши од неплодност.
Помеѓу заљубената двојка има разлика во висината од цели 43 сантиметри, тие велат дека тоа воопшто не им пречи.
Елисани моментално е највисоката невеста на светот, а тешко дека некоја друга жена наскоро ќе и го заземе местото.