Фрчкоски: Депримира нивото на култура кај министерот за култура

Фрчкоски среде преговори предлага Албанец за премиер на Македонија
Фрчкоски среде преговори предлага Албанец за премиер на Македонија

Министерот за култура, Асаф Адеми во изминатите 24 часа е на голем удар од медиумите, поради одлуките неколку фестивали и значајни културни манифестации да не добијат пари од министерството.

Професорот Љубомир Фрчкоски на емисијата „Стадон“ на Канал 77, исто така упати критика кон Адеми, затоа што според него, македонската традиција е една од најбогатите.

Депримира нивото на култура кај министерот за култура. Нема тука никакво оправдување. Кај културата сите сме чувствителни. Ние немаме баталјони економии, но имаме култура која е на рамниште со нациите кои се поголеми од нас, истакна Фрчкоски.