Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска најави нови даночни и кредитни олеснувања за семејствата, пренесе Ројтерс.
Мерките, кои се дел од напорите на Владата за јакнење на наталитетот, вклучуваат проширување на програмата за субвенционирани кредити за семејства со најмалку две деца за купување на станови, субвенции за купување на автомобил и ослободување на мајки со најмалку четири деца од персонален данок на доход.
Ова е одговорот за Унгарците, не имиграцијата, рече Орбан во годишното обраќање за состојбата на државата.
Тој рече дека унгарската Влада ќе се стреми да одржи економскиот раст од два процента над просекот во Европската унија во следните години и покрај очекуваното забавување на светската економија.