Полска денеска ги возобнови граничните контроли со сите свои соседи. Мерката е привремена и е поврзана со Меѓународната конференција за Блискиот Исток, која ќе се одржи на 13 и 14 февруари во Варшава.
Рестрикциите не се однесуваат само на копнените граници, туку и на аеродромите и пристаништата. Патниците од земјите од ЕУ и од земјите чии граѓани имаат право слободно да влегуваат на територијата на Полска, но секако треба да имаат валиден пасош или лична карта.
Условите за влез на граѓаните од другите земји остануваат непроменети, соопшти полската гранична стража. Инспекциите ќе продолжат до сабота, 16 февруари.
Од 2007-мата година Полска е дел од Шенген зоната и досега неколку пати привремено ги обновувала граничните контроли – за време на Европското првенство во фудбал во 2012 година, при посетата на папата Франциск во 2016 година на Краков и на крајот на минатата година, за време на Меѓународната климатска конференција во Катовице.