Човечки фактор го предизвикал пожарот во затворот „Идризово“

Кровна конструкција се запали утрово околу 4 часот во затворот во Идризово. Според првичните информации од затворот, причина за пожарот најверојатно е човечки фактор. Огнот брзо бил ставен под контрола, а била повикана и Противпожарната единица која интервенирала со едно возило и четворица пожарникари. Повредени лица нема, а причинета е само материјална штета.

Во крилото во кое бил предизвикан пожарот се сместени осуденици кој одлежуваат помали затворски казни за кражби.

По направениот увид, ќе се утврдува како точно настанал пожарот.