Уапсен сопственикот на потонатиот ферибот во Јужна Кореа

Ким Хан-сик, сопственик на јужнокорејската компанија чиј ферибот минатиот месец потона со над 400 патници, е уапсен под обвинение за „претоварување на бродот“, јави ИТАР-ТАСС.

Според властите, сопственикот на компанијата „Чонхечин марин“ знаел дека во фериботот има повеќе луѓе од дозволеното, но не направил ништо тоа да го исправи пред почетокот на неговото фатално патување на 16 април.

Во трагедијата загинаа или како исчезнати се водат над 300 лица, од кои повеќето ученици.

Четворица вработени во компанијата-сопственик на фериботот, како и 15-те преживеани членови на неговиот екипаж веќе се во притвор. Тие се обвинети за невнимание и за небезбедност на патниците.