
Претседателката на Косово Атифете Јахјага, денеска соопштила дека на 8 јуни ќе има вонредни парламентарни избори во Косово.
„Од овој момент ги повикувам сите политички субјекти на учество во пристојна и фер изборна кампања и процес“, истакнала Јахјага.
Консултациите со партиите, како и со претседателот на Централната изборна комисија, Валдете Дака, за одредување на датумот за одржување на изборите, Јахјага ги започна вчера во попладневните часови, откако претходно косовското Собрание донесе одлука за самораспуштање.