Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел го спореди својот колега од Манчестер Јунајтед со доктор излекувал болен човек.
Двата тима ќе се сретнат на „Олд Трафорд” вечерва во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.
Оле Гунар Солскјаер го замени Жозе Мурињо во декември и под негово раководство тимот се преобрази, откако влезе во импресивна серија од 10 победи и едно реми.
Тухел исто така е импресиониран од напредокот на Јунајтед и бара варијанти во одбраната, за да издржи притисокот на Пол Погба, Рашфорд и Марсиал.
Промената е очигледна за сите. Како што велат во Германија, ако еден доктор те излекувал, значи бил во право. Ако болката е поминала, тој си ја завршил работата. Оле нижи победи на многу натпревари и тоа создава впечаток. Тој беше одличен играч, а сега ги победува и како тренер, вели Тухел.
Ситуацијата во Јунајтед драматично се промени – сега тие играат со доверба, постигна многу голови, рано го откриваат резултатот. Нивната серија импресионира и да играш на „Олд Трафорд” сега е едно од најтешките можни искушенија. Од моментот на ждребката сѐ се промени, додаде германскиот тренер на ПСЖ.
Не знам дали сега е моментот да се откажеме од сопствениот стил на игра. Играме напаѓачки фудбал, тоа е во нашето ДНК. Очекувам Јунајтед да биде храбар и да биде активен со многу играчи во офанзива. Треба да бидеме на ниво на играта, коментира Тухел.