Димитров и на „Фејсбук“ стана министер за надворешни работи на Северна Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на официјалната страница на „Фејсбук“, се води како министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Со започнувањето на употребата на името „Република Северна Македонија” официјалната веб-страница на владата и министерствата го користат новото име,

Исто така, започна процесот на промена на таблите и пасоште.

Денес во 13.00 ќе биде променета таблата на граничниот премин Евзони со новиот назив.