И претседателот на СДСМ Гостивар, Зоран Ангелов се вработи во ЕЛЕМ

И претседателот на СДСМ Гостивар, Зоран Ангелов доби работа во државната ЕЛЕМ, објави ТВ 24.

Тој од пред некој ден е вработен на неопределено време во ХЕЦ „Маврово“. Од ЕЛЕМ за тв 24 ја потврдиле информацијата дека со последниот оглас кај нив добил работа и Ангелов, како инженер за машинско одржување, на неопределено време.

Ангелов за ТВ 24 само поврди дека е вработен во ЕЛЕМ, а за детали ги упатил да прашаат во компанијата.