Екипата на интернет сајтот BuzzFeed одлучила да се пошегува па на својата страница објави низа монтажи кои прикажуваат како би изгледало известувањето за Апокалипсата во медиумите.
При тоа ги опфатиле и десно и лево ориентираните медиуми, социјалните мрежи и сопствената страница, а нашле место и за маратонските наслови на британскиот „Дејли мејл“.
На пример, „Њујорк Тајмс“ за апокалипската известува сосема трезвено, додека британски „Гардијан“ се обидува да направи пренос во живо од последните денови на човештвото.
Од друга страна, за да направи баланс, Би-Би-Си во својата програма одвојува порстор и за изјава од радиоактивен мутантски зомби, а на страницата на „Дејли мејл“ уредништвото порачува дека цело време знаеле за тоа што се случува.
„Вашингтон Пост“ ќе посегне по податоци и табели додека Фокс њус ќе знае кој точно е одговорен за тоа и каде е вината исто како и Ем-Ес-Ен-Би-Си.
Погледнете како би изгледала Апокалипсата на порталите на медиумите.