
Неколку милиони евра изнесува штетата врз земјоделските површини по поплавите.
Министерот за земјоделство на РС, Стево Мирјаниќ истакнал дека засега е познато дека реколтата од зрнестите култури и зеленчуците ќе биде речиси преполовена, што ќе доведе до зголемување на цените на главните прехранбени продукти, како лебот, зеленчуците и месото.
– Повеќе информации ќе имаме по повлекувањето на водата од зафатените површини и внимателен преглед на посевите со пченка, истакна Мирјаниќ.